Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Волшебен европски град каде кафето чини 35 денари, а пивото 47 денари

Шарените куќи и згради во оваа област, од кои 44, биле изградени во различни стилови од ренесанса до модернизам, го прави Лавов еден од најубавите главни плоштади во овој дел на Европа.

Лавов или Лвив е град во западна Украина, во близина на границата со Полска. Лежи на реката Полтва и е на прво место во Украина по бројот на зачувани културно-историски споменици, а центарот на градот е вклучен на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1998 година

На плоштадот има четири фонтани, скулптури кои симболизираат митолошки суштества. Голем број споменици кои доминираат во центарот на градот датираат од 16 и 17 век, а архитектонското и културното богатство на градот се состои од разни цркви, кои сведочат за времето кога Лавов бил важна точка на трговските патишта.

На плоштадот Слобода, доминира Операта, која ќе се најде на повеќето разгледници, и со уште девет театри и 60 музеи, што го потврдува овој град како културна престолнина на Украина.

Музејот на народна култура и живот е еден од најинтересните музеи и еден од начините да се запознаат Лавов и Украина. Музејот е на отворено и ги прикажува сите аспекти на традиционалниот украински живот, како што се фарми, цркви, ветерници и училишта поставени во голем парк во источниот дел, од центарот на градот.

Што се однесува до кујната, не треба да ги пропуштате украинските специјалитети. Најпознати јадења се вареники – кнедли направени од бесквасен тесто полнети со пире од компири, кисела зелка, сирење, јајца, а понекогаш и овошје, а има и палачинки од компири, грузиски леб од каначапури полнети со сирење и јајца.

Во Украина ќе можете да го релаксирате „џебот“ повеќе отколку во попопуларните туристички дестинации, велат водичите, посочувајќи на доста поволни цени – наводно може да се набави пиво за 80 центи, кафе за 60, а може да се јаде во поевтин ресторан за 2,5 евра.

Лавов е град на чоколадото, кафето и пивото, и тука навистина нема ниту една личност, што не ужива во овие наведени производи.

Тука улиците мирисаат на кафе што доаѓа од сите страни, а кафето доаѓа со разни додатоци по ваш избор, а тоа го издвојува од другите градови во Украина.

Првата пивница во Украина е отворена во Лавов во 18 век. Дефинитивно треба да го посетите Музејот на пивото, каде ќе можете да уживате во кригла домашно занаетчиско пиво со приказна за потеклото и културата на пивото.

Дали сте имале можност да го посетите овој волшебен град? Пишете ни ги вашите впечатоци во коментарите!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement