Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Лувр за прв пат ќе лицитира дела на современи уметници

За прв пат во историјата, Лувр ќе лицитира дела на современи уметници и специјални уникатни услуги.

„За прв пат во својата историја, Лувр изложува на аукција 24 „лотови“, вклучувајќи уметнички дела обезбедени од современи уметници во соработка со музејот, уникатни понуди и услуги што ги нуди Лувр, создадени во соработка со светски брендови.

Наддавањето ќе се одржи преку Интернет од 1 декември до 15 декември на веб-страницата Christie’s во партнерство со Cartier, Christian Dior Couture, Christian Dior Parfums, Le Meurice, Moët Hennessy, Off-White, Ritz Paris, Vacheron Constantin i Louis Vuitton

Така, ќе биде можно да се купи слика на Соулаж од 1962 година (проценета помеѓу 800.000 и 1.200.000 евра), прошетка низ париските покриви на музејот во друштво на уметниците Ј.Р. (6.000 до 12.000 евра) или присуство на концерт во Кралската сала за прием.

Според претставниците на аукциската куќа, собраните средства на аукцијата ќе бидат искористени за создавање нов простор за студии во музејот, кој ќе стане центар за културно образование.

Неговото отворање е закажано за есента 2021 година.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement