Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Никол Кидман ги одушеви сите со колекцијата на капути во хит серијата, а ние ги пронајдовме нивните поефтини верзии

Познатата Никол Кидман е главната sвезда на новата хит серија на ХБО, напнатиот психолошки трилер „Дефект“ во кој таа го отелотворува ликот на привилегираната терапевтка Грејс Фрејзер, а благодарение на костумските решенија на Сигна Зајлунд, привлекува внимание на малите екрани со својот интересен стил на облекување во стилот на бохо.

Повеќето сцени од првата сезона на новата хит серија на HBO беа снимени на улиците во Њујорк, во кои ликот на Грејс Фрејкер, кого го играше 53-годишната оскаровка Никол Кидман, редовно отскокнуваше со нејзините модели на палто.

Како што е случај со многу високобуџетни серии, нејзините капути што се гледаат на малите екрани се дело на реномирани дизајнерски брендови и затоа се недостапни за обичните смртници, но ако сакате во вашата гардероба да имате палта кои неодоливо личат на оние што ги носеше терапевтката Грејс Фрејзер во серијалот „Дефект“, најдовме неколку поевтини алтернативи.

Зелен капут

tportal

Дури и ако досега не сте имале шанса да ја гледате новата серија со Никол Кидман во главната улога, до сега сигурно сте налетале на нејзиното ослободување од серијата во statement модел на зелено палто. Овој модел на палто, тешко неверојатни седум килограми, е создадено исклучиво за ликот кој го игра Никол Кидман, а освен со боја, се истакнува со посебен вид материјал кој понекогаш изгледа стуткан или украсен со дезен.

Поевтини алтернативи

Scotch & Soda
Scotch & Soda

Кадифе, црвено палто

tportal

Следно на списокот на незаборавни палта на терпавтката Грејс Фрејзер е кадифен модел во црвено бургунд кој изгледа особено примамливо за носење во новата празнична сезона. Овој капут е дело на познатата италијанска марка Макс Мара, а многу брендови ги нудат неговите поевтини алтернативи.

Поевтини алтернативи

Free People
Free People
Lulus
Lulus

Палто од бургундска волна

Ако ликот на Грејс Фрејзер беше вистински, замислуваме дека овој модел на палто ќе и биде омилен, секојдневен избор. Класичен по дизајн и во заводлива бургундска боја, ова палто е дело на познатиот американски дизајнер Филип Лим и е целосно распродадено.

Поевтини верзии

Belle & Bloom
Belle & Bloom
Abercrombie & Fitch
Abercrombie & Fitch

Мантил за дожд украсен со цветен дезен

Во теорија, палта украсени со ефективна шема може да изгледаат малку нападни, но цветниот модел на Грејс Фрејзер со потпис на марката Етро вклучува темни и суптилни детали кои совршено се вклопуваат со беж боја на мантил.

Поевтини верзии

Preen by Thornton Bregazzi
Preen by Thornton Bregazzi
L'Agence
L’Agence
Sika
Sika

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement