Ако сте уморни од класични секс пози и сакате да ги зачините работите во спалната соба, не треба да барате повеќе.
„Дејли Стар“ во соработка со британски продавач на секс играчки и еротска долна облека Lovehoney, препорачуваат позиција што ја нарекоа валкано танцување. Но, оваа позиција веројатно не е за секого, имајќи предвид дека не е толку лесна за изведување.
Како изгледа тоа, можете да видите на илустрацијата подолу.
Експертот за секс Анабел Најт вели дека оваа позиција им овозможува на паровите да ја пресоздадат класичната сцена од Валкан танц со забавна секс поза. „Треба да бидете прилично атлетски настроени за да го направите ова, но ќе е забавно да ја испробате таа позиција“, рече таа.
Во соработка со друг продавач на сексуални играчки и долна облека, Ен Самерс, Дејли Стар, исто така, препорачува една позиција на орален секс, варијација на популарната поза 69. Како се изведува, можете да видите подолу.

