Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Андреа Бочели ќе одржи концерт во празен италијански театар

Освен фактот дека никогаш нема да ја заборавиме 2020 година како целина, сега незаборавниот велигденски концерт, кој славниот италијански тенор Андреа Бочели го одржа во целосно празната катедрала во Милано, несомнено ќе остави вечен белег на многумина од нас.

Емоциите во тоа време беа исклучително силни, особено во Италија, која беше тешко погодена од короната, а слични емоции може да предизвика и последниот концерт што Андреа го подготвува на друга спектакуларна локација.

„Верувај во Божиќ“ е официјалното име на овој божиќен концерт, кој Бочели ќе го одржи на 12 декември во вистинскиот скапоцен камен на италијанската архитектура и историја – Театро Реџо ди Парма. Славниот театар, исто како и миланскиот Дуомо, ќе биде целосно празен, но милиони луѓе ширум светот ќе се приклучат на преносот во живо и со тоа ќе доживеат дел од оваа магија.

Визионер и режисер зад овој музичко-сценски спектакл е Франко Драгоне, кој ќе го искористи просторот на овој импресивен театар за да создаде уште еден незаборавен концерт.

Славниот тенор ќе изведе бројни песни од неговиот албум Верувај на концертот, како и некои од најпознатите божиќни песни.

Бидејќи физичките концерти интензивно се селат во онлајн арените во последните неколку месеци, ниту овој нема да биде бесплатен. Билетите за ова виртуелно искуство може да се купат во ценовен опсег од 22 до 40 евра.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement