Стигнаа постудени денови, а со нив и сезонски сет на естетски проблеми – испукани усни. Покрај тоа што нѐ вознемирува појавата на суви усни, тие можат да бидат прилично непријатен проблем како резултат на чувството на затегнатост и грубост на допир. И иако најчеста причина е студениот воздух, тој не е единствениот.
Храна или козметички производи чии состојки можат да предизвикаат алергиски реакции, недостаток на некои витамини и недоволен внес на течности, односно дехидрација се исто така можни причини. За да им помогнат на испуканите и суви усни, експертите за козметика препорачуваат пред сè хидратација, не само однадвор, туку и одвнатре, затоа пребројте ги чашите вода што ги пиете дневно. И, не заборавајте да престанете да гризете и да ги лижете усните! И, се разбира, помагаат и балсамите за усни, особено оние што содржат масла, шеа путер и церамиди.
Меѓутоа, ако не забележите дека ситуацијата е подобрена дури и по две недели редовна употреба на мелем и внимателна хидратација, консултирајте се со вашиот лекар или дерматолог, бидејќи испуканите усни може да укажат на реакција на некои лекови, автоимуна болест или инфекција.
