Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Romance Pink Pony Edition – Женствена новина на брендот Ralph Lauren

Во септември оваа година, американскиот бренд Ralph Lauren ја претстави својата најнова креација, која е дел од нивната линија парфеми Romance…

Romance Pink Pony Edition ја задржува цветната тема, но овој пат ја засенува со акорди на ѓумбир, потенцирајќи розови божури. Како што велат од познатата марка, „Romance Pink Pony Edition е топол, срдечен женски парфем, кој се отвора со брилијантен бергамов оптимизам, со нежни акорди ѓумбир. Срцето на овој женски парфем е збогатено со мирис на розов божур, кој е долготраен симбол на надеж.Топла прегратка од кремасти дрвени ноти и свилен бел мошус го завршува, со допир на нежност. Чистотата и едноставното луксузно шише за парфем е претставено во сатенско бело, што е нагласено со симболот Pink Pony. Тоа е парфем кој прави разлика, симболизира надежи и соништа за иднината што сите ја споделуваме, љубов за денешниот живот и пријатна прегратка на семејството, пријателите и заедницата“.

Најновиот парфем на познатата марка ќе донира 100% од своите приходи на Фондот Pink Pony, што е меѓународна иницијатива на корпорација Ralph Lauren во борбата против ракот, содржи бројни програми за скрининг, рано дијагностицирање, лекување, едукација и работа со пациенти.

„Кога некој што го сакате, има рак, сите се погодени – сопруги и сопрузи, мајки и татковци, сестри и браќа, пријатели. Ова е наш заеднички напор во борбата против ракот“, додаде Ралф Лорен.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement