Диего Армандо Марадона беше идол на многу фудбалери, а тоа е случајот и со еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо.
Славниот Португалец емотивно се прости од аргентинскиот великан, со кого оствари големо пријателство низ годините, иако Аргентинецот знаеше да го критикува пристапот на Кристијано кон фудбалот.
Остро и без влакна на јазикот, Диего секогаш го критикуваше Кристијано дека е премногу фокусиран на маркетинг и профит, но тоа не ги спречи двете легенди да создадат одлична врска.
Кристијано објави слика со Марадона на социјалните мрежи, а неговата порака е многу емотивна.
“Денес се збогувам со мојот пријател и светот испраќа поздрав до вечниот генијалец. Еден од најдобрите досега. Уникатен волшебник. Тој заминува прерано, но неговото наследство е без граници и ова е празнина што никогаш нема да се пополни. Почивај во мир, мајсторе. Никогаш нема да бидеш заборавен“, напиша Кристијано Роналдо.
Целиот фудбалски свет се збогува со Марадона, а генијалецот беше испратен со силна порака и од најголемиот ривал.
