Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Мини „чурос“ крофнички полнети со крем

Чурос е традиционално шпанско благо тесто кое потсетува на тулумба. Сепак, традиционалните Чурос се претенки за полнење, но овие „дупки од крофни“ ја имаат совршената големина за да ги наполните со омилениот крем.

Ќе направите дури 50 мини крофнички, а нема да ви остане ниту една.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 шолја врело, зовриено млеко (45-50 степени)
  • 2 до 2 ½ шолји брашно
  • 2 ½ супени лажици шеќер
  • ½ кафена лажица прашок за печиво
  • 1 1/8 кафена лажица квасец
  • ¾ кафена лажица сол
  • 2 ½ супена лажица масло
  • ½ шолја шеќер
  • 1 кафена лажица цимет
  • Крем по избор
  • Сончогледово масло, за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте го млекото до вриење и оставете го да се излади до 45-50 степени.

2. Во подлабок сад измешајте 2 шолји брашно со остатокот од сувите состојки, вклучително и квасецот. Додадете го млекото со маслото и измешајте со дрвена лажица. Додадете ја преостанатата ½ шолја брашно додека тестото не добие форма на мека топка. Покријте го садот со крпа и почекајте 30 минути да нарасне.

3. Измешајте го шеќерот со циметот во плиток сад и оставете го настрана.

4. Наполнете длабоко тавче или тенџере со масло и загрејте го до 180 степени, а потоа малку намалете ја температурата.

5. Додека се загрева маслото, тестото ставете го на површина која сте ја посипале со брашно. Измесете го тестото додека не добиете дебелина од 1,5 сантиметри. Исечете го тестото со кружна модла или мала чашка.

6. Префрлете ги малите крукчиња во загреаното масло, но не сите, потребно е да имаат простор помеѓу нив. Пржете ги 1-2 минути, а потоа превртете ги за да се испржи и другата страна, сè додека двете страни не добијат златна боја. Извадете ги и ставете ги на чинија послана со салфети.

7. Откако ќе се впие вишокот масло, топлите дупки од крофни извалкајте ги во мешавината од шеќер и цимет. 8. Направете мала дупка во крофните, со помош на дрвено стапче. Со шприц наполнете ги крофничките со крем по избор

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement