Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Славниот Aлбумот што Ленон го потпишал на својот убиец се продава на аукција: Почетна цена 400.000 долари!

Копија од албумот на Џон Ленон и Јоко Оно „Double Fantasy“, кој славниот музичар му го потпишал на својот убиец Марк Дејвид Чепмен 5 часа пред неговата смрт, се продава на аукција.

Славните Битлси го потпишаа албумот во декември 1980 година, и ова не е прв пат оваа копија да се најде на аукција. Имено, ова е трет пат тоа да се случи од 1998 година.

Овој пат, куќата „Goldin Auctions“ ја става на аукција, а почетната цена е 400.000 американски долари.

Споменатиот примерок е пронајден во жардиниера во населбата Upper West Side и служел како доказ на судењето на убиецот. Албумот сè уште има ознаки на полицијата, според неколку извори.

Да се потсетиме, Чепмен го чекал Ленон пред куќата, откако ја потпишал копијата од албумот, каде го убил.

Во декември 1980 година, кога имал 25 години, Чепмен пукал во пејачот четири пати, покрај кого била и неговата партнерка, Јоко Оно.

Сакам да повторам дека жалам за она што го направив. Нема оправдување. Јас го направив тоа заради слава. Мислам дека ова е најлошото злосторство што може да се направи на некој што е целосно невин – изјави тогаш Чепмен и додаде:

– Сакам да истакнам дека тоа беше многу себичен чин. Ленон е исклучително позната личност. Не го убив поради неговиот карактер или каков човек бил. Тој е икона и семеен човек. Интелектуална личност што зборуваше за работите за кои е дозволено да зборуваме денес. Единствената причина што го направив тоа беше затоа што сакав слава за себе. Жал ми е, за болката што и ја предизвикав на неа (сопруга, Јоко Оно). Мислам на тоа цело време.

Кога го извршил злосторството, убиецот на Ленон со себе ја носел книгата на Селинџер „Ловецот во ‘ржта “.

Зборувајќи за тоа, тој изјави дека се идентификувал со главниот лик кој бил „изолиран“ и „осамен“.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement