Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

BOSS x Justin Teodoro: Празнична колекција за Неа и Него

Фантазијата вртоглаво ќе се зголеми оваа година, благодарение на соработката на познатиот бренд BOSS и уметникот и илустраторот од Њујорк, кој даде личен печат на колекцијата на ограничени парчиња облека и додатоци.

Астин Теодоро одлучи дека врв на неговата капсул колекција за брендот BOSS ќе биде сината sвезда и црвеното срце, два мотива што ги симболизираат љубовта и соништата. Бидејќи колекцијата е наменета и за мажи и за жени, ѕвездата е прикажана како машки аспект, додека срцето е женски аспект на колекцијата.

Теодоро направи свое лого на брендот BOSS, кое заедно со ѕвездите и срцата станаа образец што се најде на неодоливите додатоци, како што се шалови, навлаки за мобилни телефони и чанти. бело

Игривиот дух што уметникот го пренесува со своето дело е совршен начин да се испрати пораката дека и покрај моменталната состојба, треба да се верува во подобро утре. Колекцијата создадена од соработка на познат бренд и уметник, е совршен пример дека нема ништо поубаво од позитивната енергија и оптимизмот.

Тимот на Harper’s BAZAAR предлага омилени парчиња од новата празнична колекција за него и неа:

  1. Миди фустан во зебра принт, тој е неочекуван и навистина шик!
  1. Машките додатоци со впечатлив принт бараат внимание.
  1. Плетиво во снежно-бел тон со црн вез во облик на срце како ИТ парче!
  1. За неодолива лежерност, шарата во форма на срце ќе остави магичен ефект.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement