Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Во морето на популарни најлонки кои владеат со модната сцена, сите сакаат да ги имаат оние со потписот на Шанел

За повеќето луѓе, чорапите и најлонките првенствено играат функционална улога, но благодарение на водечките модни куќи, овој моден додаток стана неизбежен статусен симбол и „мора да се има“ во гардеробите на модните зависници, а според британскиот Вог, најлонките со потпис на Шанел станаа најбаран моден додаток.

На почетокот на март, непосредно пред светот да се повлече во изолација, Шанел ја претстави својата колекција есен / зима 2020 година во Париз. Водечките светски модели продефилираа на модната писта во топли волнени палта и шорцеви, под кои носеа неодоливи хулахопки со познатиот принт на француската модни куќи.

Иако секоја сезона целиот свет зуи за новата колекција на Шанел, оваа сезона шоуто неочекувано го украдоа најлонките со двоен знак CC. Не е тајна дека најлонките се екстремно популарни меѓу трендсетерите во последните неколку недели, а во водство се неколку модели на дизајнери, како што се оние потпишани од модните куќи Гучи и Сен Лоран.

Сепак, најлонките на Шанел се покажаа како омилени во очите на зависниците од мода кои не се двоумат да издвојат 370 евра за нив. Осум месеци откако овој кревок моден додаток ја виде светлината на денот на модната недела во Париз, ги забележавме најлонките на Шанел на профилите на водечките sвезди на уличен стил како Емили Синдли, Пернил Тејсбаек, Бела Томас и многу други.

Колку се популарни, покажува и фактот дека во моментов е невозможно да се достигнат, особено не преку онлајн продавници, па ако ви се допаѓаат овие дизајнерски убавици, на вашето следно патување во странство (ако на пандемијата некогаш и дојде до крај), не заборавајте да застанете покрај продавницата на Шанел.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement