Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Four Seasons Hotel Tokyo – најлуксузната оаза во светот

Отворен пред само неколку недели, хотелот Four Seasons Tokyo at Otemachi е вториот хотел на овој бренд во Јапонија, но веќе може да се прогласи за еден од најдобрите во целиот свет…

Сместен во срцето на финансискиот кварт на овој град, во шармантниот дел Отемачи, сосема новиот хотел со пет sвездички се наоѓа на кратко растојание од седиштето на бројни корпорации и други знаменитости.

Сместен во кулата на 39 нивоа од Skidmore, Owings & Merrill, овој хотел ги зафаќа последните катови на зградата. Белгискиот дизајнер Жан-Мишел Гати бил задолжен за создавање на уникатни простори во хотелот, кои се инспирирани од јапонската естетика и потенцирани од модерните вибрации. Чисти линии, деликатни текстури, опуштени палети на бои и уметнички дела создаваат прекрасна атмосфера, каде и да се свртите.

Новиот хотел Four Seasons има што да понуди кога станува збор за гастрономија и коктели, со четири нови ресторани и барови, заедно со неколку кровни тераси со панорамски поглед на Токио кои никогаш нема да ги заборавите.

На последниот кат на хотелот е Спа, центарот која ветува иновативни терапии и смирувачко скривалиште. Пет простории за третман, вклучително и една резервирана за парови, ќе ве натераат да ги заборавите сите грижи. Покрај тоа, ќе најдете парни простории, јапонски бањи, најсовремена теретана и затворен базен.

Хотелот може да ви понуди 170 елегантни соби и 20 луксузни апартмани, додека „Imperial“ апартманот на 38-от кат ќе ве направи да се опуштите и да им се препуштите на вашите соништа. Покрај тоа, овој хотел нуди беспрекорни деловни зделки за најексклузивни деловни состаноци. Без оглед на причината за вашата посета, едно е сигурно – вечно ќе го паметите уживањето што ви го дава овој хотел.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement