Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

GucciFest: Нов забавен формат за презентации на модната куќа

Поминавме долг пат од ретро модни ревии пред публика до онлајн хибридни презентации и сето тоа се случи за една година. Се чини како вечност, па сега сопствените формати ги претставуваат значајни модни куќи како Гучи. Алесандро Микеле, креативниот директор на овој мега бренд, никогаш не мирува, карактеристично за него е што нема проблеми со нови формати и инспирации.

Откако се откажаа од ревиите, водечките луѓе на брендот го претставија GucciFest кој трае деновиве, до 23-ти ноември.

Фокусот е на седум епизоди насловени како „Увертира на нешто што никогаш не заврши“.

Кратките филмови ја откриваат новата колекција на Алесандро Микеле, кој исто така учествуваше во режијата, а која е потпишана од познатиот режисер Гас Ван Сант. Филмовите се снимаа во Рим, а sвезди во нив се повеќе познати личности кои имаат долгогодишна соработка со брендот, како пеачката Флоренс Велш, Хари Стајлс и уметницата Силвија Калдерони.

Марката создаде и истоимена веб-страница на Гучи Фест, каде што филмовите се достапни цело време, и тие исто така ги објавуваат на страницата на марката на YouTube.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement