Никол Кидман, и покрај пандемијата, вредно работи на друг проект.
Славната актерка престојува во Сиднеј овој месец, каде ја снима серијата „Девет совршени странци“, а минатата недела беше снимена како излегува од приватен авион.

Ветерот ја крена кошулата на атрактивната 53-годишна оскаровка и откри поглед на нејзиниот рамен, „пеглан“ стомак, па веднаш се проширија гласини дека актерката го пегла стомакот, како и лицето.
Таа повеќе пати била мета на критики поради прекумерната употреба на ботокс на лицето.
Дали рамен стомак е резултат на напорен тренинг или естетска хирургија, останува да се погоди.

