Sвездата на „Хари Потер“ Руперт Гринт го сруши рекордот на Инстаграм затоа што стана човек со милион следбеници во најкус можен рок.
Актерот, кој го играше Рон Висли во сите осум филмови за Хари Потер, го објави својот прв пост на социјалните мрежи на 10 ноември 2020 година, шегувајќи се дека доцни „само 10 години“.
Четири часа и една минута по регистрацијата, неговиот профил достигна еден милион корисници. Според Гинисовата книга на рекорди, тоа е 43 минути побрзо отколку што му требаше на славниот ТВ водител Дејвид Атенборо, кој се приклучи на Инстаграм во септември 2020 година.
Првата објава на 32-годишниот актер, кој себеси се нарече „Grint on the Gram“, беше фотографија со неговата ќерка. Гринт рече дека е „тука за да ги запознае сите со Wednesday G. Grint“, шестмесечно девојче, родено во мај.
