Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

110 години од смртта на еден од најголемите писатели на светот: Вака говорел Лав Николаевич Толстој

Пред точно 110 години, еден од најголемите руски писатели, Лав Толстој, почина од пневмонија во Астапово, на железничката станица, непосредно откако го напуштил својот дом на возраст од 82 години.

„Го правам она што обично го прават луѓето на моја возраст, затоа што последните денови од мојот живот сакам да ги поминам во осаменост и тишина“ – напишал, меѓу другото, во прошталното писмо што и го остави на сопругата Софија.

Лав Николаевич Толстој е еден од најпознатите руски писатели. Неговото импозантно творештво изобилува со богата психолошка анализа на ликовите, притоа ставајќи акцент на моралните како и на семејните вредности.

Еден од најголемите умови во историјата на човештвото, брилијантен уметник чии мисли живеат и важат и ден-денес. Ова се дел од најимпресивните цитати на Толстој како и неговите гледишта за животот, уметноста, моралните вредности и вистинските квалитети на човекот.

„Сите размислуваат за промена на светот, но никој не мисли да се промени самиот.“

„Музиката е стенографија на емоциите.“

„Двата најмоќни воини се трпението и времето.“

„Сè, сè што разбирам, разбирам бидејќи љубам.“

„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“

„Му се бесам на човека на врат, давејќи го и терајќи го да ме носи, а сепак се убедувам себеси и останатите дека ми е жал за него и дека посакувам да му олеснам на секој можен начин – освен да му се симнам од вратот.“

Единствената смисла на животот е да му се служи на човештвото.“

„Неверојатно е колкава е заблудата за тоа дека убавината е добрина.“

„Не постои значајност таму каде што нема едноставност, добрина и вистина.“

„Здодевност: желба за желби.“

„Во име Господово, запрете за миг, прекинете со работа и погледнете околу себе.“

„Еден од најголемите услови за среќа е дека врската меѓу човекот и природата не смее да биде прекината.“

„Уметноста не е ракотворба туку пренос на чувства кои уметникот ги доживеал.“

„Вистината, исто како и златото, се добива не со зголемување на количината, туку со отстранување на сè она што не е злато.“

„Вистинскиот живот се живее кога се случуваат мали промени.“

„Вербата е смислата на животот, смисла заради која човекот не се уништува себеси туку продолжува да живее. Тоа е силата по која живееме.“

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom