Barbour ги разбранува брановите на модната индустрија со започнување на нова кампања на својата премиум понуда, Gold Standard…
Иконскиот бренд го ангажираше Сем Клафлин како заштитно лице на колекцијата есен/зима 2020 година. Славниот актер, кој се истакна во серијата Peaky Blinders, ни претстави парчиња од Gold Standard за време на живописната авантура во Шкотска, татковината на славната марка. Клафлин го посетил Гленкоj, каде уживал во неверојатната природа и носел јакни и палта што содржат сè – од восочен памук, до ватиран материјал.
„Многу сум возбуден што работам со брендот Barbour. Тоа е модна куќа на која долго време и сѐ воодушевував, а колекцијата Gold Standard е едноставно неверојатна. Имав среќа што бев заштитен од топлината на нивните модели за време на нашето снимање во Шкотска“, изјави актерот.
Во меѓувреме, глобалниот директор за маркетинг на Barbour, Пол Вилкинсон, исто така го сподели своето мислење за ова партнерство: „Ние сме воодушевени што добивме можност да работиме со Сем. Тој израснал во Велика Британија, а јакните од Barbour отсекогаш биле дел од неговиот животен стил. Нашиот нов под-бренд, Gold Standard, е највозвишен од сите наши колекции, па затоа нуди асортиман на осмислени дизајнирани јакни, славејќи иконски парчиња од нашите архиви. Сем е совршен избор за заштитно лице на оваа премиум луксузна колекција“.
Кога станува збор за опсегот за есен/зима на Gold Standard, Клафлин лесно го избра своето омилено парче: „Омилена јакна од колекцијата е Supa Beaufort. Се базира на Beaufort, еден од иконите стилови од 80-тите, дизајнирани од Маргарет Барбур. Supa Beaufort ја има целата историја и традиција на првото парче, задржувајќи ги класичните елементи, како што се џебовите, крагна и двонасочниот патент, но е помодерна. И навистина е топла и пријатна“.







