Австралиската актерка Ребел Вилсон си поставила важна цел на почетокот на 2020 година – таа максимално ќе му се посвети на своето здравје.
„Имав многу години на забава, минатата беше година на љубовта, а ова мораше да биде година на здравјето, бидејќи во март го прославив својот 40-ти роденден. Никогаш не се фокусирав на моето здравје, што веројатно беше очигледно. Патував низ целиот свет и јадев еден тон шеќер. Тоа беше мојот порок. Сакам десерти. Поминав преку емотивно прејадување и се справив со стресот на меѓународната слава. Целата ситуација е стресна, а јас се справив со прејадување на крофни“, призна Ребел во интервјуто што го даде за шоуто Дру Баримор.
Нејзината посакувана тежина е 75 килограми, а за да ја постигне се одлучи за голема и неопходна промена во нејзиниот живот, која првенствено се базира на секојдневно вежбање.
Ребел диета ја започнала со наједноставната можна вежба за пешачење, а дури кога ја подобрила формата започнала со поинтензивни вежби.
Досега ослабела 18 килограми, а покрај вежбањето, најважно за овој успех е клучна промена во нејзината исхрана. Имено, нејзиното мени порано содржеше претежно празни јаглехидрати.
„Конзумирав најмалку 3000 калории на ден, но тоа беа претежно калории од јаглехидрати и затоа бев постојано гладна. Беше вкусно, но со оглед на типот на телото, требаше да внесувам многу повеќе протеини. Затоа сега сум на високо протеинска диета, што е голем предизвик за мене затоа што не сум навикнат да јадам многу месо. Сега јадам риба, лосос, пилешки гради“, додаде Ребел.
Таа исто така откри дека не е приврзаник на строга диета, но се обидува да најде рамнотежа помеѓу слабеењето и задоволувањето на нејзините желби.
„Не секоја недела е здрава недела. Понекогаш едноставно отскокнувате малку и ништо не можете да направите во врска со тоа. Значи, мојата цел е рамнотежа, некоја општа здрава рамнотежа. Јас секогаш си велам дека ништо не е забрането. Може да консумирам бургер, но ќе јадам половина од она што би го јадела порано“, заклучи Ребел.



