Нашиот стар познаник, Supercar Blondie, повторно му носи на светот една ексклузива. Овој пат, на тајна локација во Италија, тој го претставува неверојатниот Lamborghini Vision GT!
Станува збор за електричен модел, специјално дизајниран за популарната видео игра „Gran Turismo Sport“ (PS4), а пред нас е уникатна копија направена за промоција.
Автомобилот беше официјално претставен минатата година во Монако, и носи голем број новини во автомобилската индустрија.
„Ѕвер“ под хаубата
Под хаубата се наоѓа 6,5-литарски V12 мотор со благ хибриден систем, со вкупна моќност од 808 КС. Неговата максимална брзина е 350 км на час, а „стотката“ ја достигнува за помалку од 2,8 секунди.
Vision GT нема врати, но кабината се повлекува и му овозможува на возачот да се смести во кокпитот, слично на борбените авиони.
Во следното видео, Блонди, придружуван од главниот дизајнер на италијанската компанија, Митја Боркер, претставува убавина на четири тркала и неговите доблести. Уживајте!
