Во серијата футуристички концептни возила се приклучи и MINI Vision Urbanaut, автономен миниван на британската компанија, под капата на BMW.
Дигиталните рендери покажуваат дека дизајнерите имале на ум само едно – простор. Во кабината има четири седишта – предните се вртат, а возачкото е претворено во удобен кревет!
Интересен е и системот на отворање (лизгање) на вратите, како и фаровите што се кријат додека не ги вклучите. Ветробранското стакло се отвора нагоре, и е замислено како еден вид „чардак“.
Компанијата ја проширува својата понуда
Кога станува збор за погонот, спецификациите не се познати, освен дека е електричен. MINI е сè уште на почетокот кога станува збор за новите технологии, но очигледно ќе ја прошири својата понуда. Во моментов, тој го вклучува електричниот Cooper SE, додека новата генерација на Countryman има plug-in хибридна верзија.
Концептното возило е замислено како автономно, но постои можност возачот да преземе контрола кога сака.
Можете да го видите MINI Vision Urbanaut како „дневна соба на тркала“, а деталите придонесуваат за атмосферата и удобноста на патниците.
