Кендал Џенер, една од најпопуларните модели во светот, ја откри тајната на нејзината убавина за Јутјуб каналот на списанието Вог.
Одлучи да сними упатство за рутина за нега на кожата на лицето, која секогаш ја практикува пред да се нашминка.
Многу луѓе знаат дека Кендал долго време се бори со проблематична кожа и акни, а по неколку третмани ја најде формулата што ѝ одговара најдобро.
Таа вели дека честопати сама прави маски за лице, а за оваа прилика направила маска од авокадо, мед и овесна каша, со додавање на масло од лаванда, а за маската вели дека многу ефикасно ја хидрира кожата, иако изгледа чудно.
Доколку брза за на работа, таа ја подготвува кожата со обична маска, а потоа го масира лицето со помош на ролери за лице, со цел да ги обедини состојките од маската.
Потоа, става гел за чистење на лицето, а откако ќе го исплакне, нанесува серум за лице.
Пред да нанесе кармин, таа ги храни усните со помош на пилинг марамица, со цел да го отстрани мртвиот слој на кожата, а потоа нанесува лабело, односно мелем за усни.
Дури откако ќе го направи сето ова, шминката може да започне.
Погледнете како таа го изведува целиот овој процес:
