Британскиот пејач Хари Стајлс, кој се прослави како член на момчешкиот бенд „One Direction“, денес ужива во неговата солистичка музичка кариера, но и во модниот свет. Влезе во историјата како првиот маж што позирал за насловната страница на американското издание на култниот магазин „Vogue“. Иако не е непознато дека тој има интересен и специфичен моден вкус, никој не очекуваше дека неговото позирање во фустан ќе предизвика толку многу реакции. Интернет троловите, но и некои луѓе од јавниот живот не го поштедија, затоа не е изненадувачки што многу sвезди застанале во негова одбрана.
Изјавата што стана вирална е изјавата на Кендис Овенс, американски конзервативен автор и политички активист. „Не постои општество што може да преживее без силни мажи – Истокот го знае ова, за разлика од Западот, каде феминизацијата на нашите мажи е посилна, во исто време кога марксизмот е наметнат на нашите деца, и тоа не е обична случајност, туку директен напад. Вратете ни ги вистинските мажи“, е нејзиниот коментар кој шокираше многумина.
Заедно со многу свои пријатели, но и обожаватели, во негова одбрана застана и актерката Оливија Вајлд, која ќе глуми заедно со Хари во новиот филм „Don’t Worry Darling. „Јадни сте! Се надевам дека самодовербата што ја има Хари – и која нема никакви траги на токсична машкост – ќе биде показател за неговата генерација, а со тоа и за иднината на целиот свет. Прилично е моќно да се види некој во негова позиција како го редефинира значењето на самоуверен, модерен човек“, додаде 31-годишната авторка. Хари сеуште не го коментирал нападот, а судејќи според досегашното искуство, тој веројатно нема.



