Сите оние чевли со потпетици, лак и светки што ве гледаат од плакарот додека упорно вртите една иста комбинација за работа од дома и едвај чекате некоја можност да се облечете од глава до пети?
Гледајќи стари филмови, сфативме една работа – филмските диви во нив никогаш не чекаа некоја можност да заблескаат бидејќи секој момент беше можност да ја остави публиката без здив. Свилени ноќници и наметки и фустани со струк, надополнети со влечки со потпетици со пердуви или крзно, беа задолжителни домашни униформи (сетете се на Бети Дрејпер во „Mad Men“), и зошто да не примените дел од тоа и самите на себе додека сме во исто време исклучително удобни, како одење по облаци?
Подолу ви донесуваме избор од 10-те најлуксузни дизајнерски влечки со крзно, токи, кристали и свила кои ќе донесат необична екстраваганција во домашните комбинации.










