Онлајн модната платформа за продажба на луксузна облека, Фарфетч, спроведе истражување за тоа која е најдобро облечена жена на светот, а единствената благородна жена која се најде меѓу првите десет е војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Сепак, таа не победи – прва дојде Викторија Бекам, со 28% од гласовите!
По него следат Кејт Мидлтон, Кјара Ферани, Оливија Палермо, Ели Гулдинг, Алекса Чанг, Џејн Биркин, Ана Кливленд, Лизи Хадфилд и Бони Стрејнџ.
Патем, беа прогласени „најстилските“ земји, а на прво место е Италија, по што следат Франција, Шпанија, Велика Британија, Шведска, Данска, Португалија, Германија, Норвешка и Финска.








