Додека нејзината претходничка Меланија Трамп секојдневно ги воодушевуваше модните експерти со нејзиниот непогрешлив стил, кога станува збор за новата прва дама на САД, ситуацијата е нешто поинаква. Имено, нејзините модни избори досега наидоа на неколку критики, поради што многумина се сомневаат дека таа ќе може да ја надмине Меланија. Таа сигурно ја чека тешка задача, а дали ќе успее да ја засени поранешната прва дама останува да видиме.







