Неколку месеци по нивната успешна соработка минатиот јули, Ријана повторно соработува со дизајнерката на чевли Амина Муади на нивната втора заедничка колекција на чевли Fenty, која таа ја нарекува „11 20“.
Новата колекција на Fenty вклучува четири дизајни: пар „corset pumps“, пар slingback со квадратни врвови и два модела сандали. Како што кажа сега познатата Муади: „Сакав да создадам чевли што претставуваат муза и бренд: силни, но елегантни и женствени“.
Новите модели на Fenty x Amina Muaddi се достапни на fenty.com, Farfetch.com и levelshoes.com, а нивните цени се движат од 592 до 625 евра.
Погледнете ги сите модели во галеријата со фотографии.






