Откако трендсетерките полудеа по statement јаките на трендовите, го забележавме истиот моден детал и на војвотката Кејт Мидлтон, а таа изненади многумина со овој потег.
Војвотката од Кембриџ е позната по својот монотон и многу женствен стил кој не отстапува многу од строгиот кралски код, но од време на време Кејт Мидлтон ни покажува дека многу ги следи модните трендови. Сепак, пред да се омажи за принцот Вилијам, таа работеше како асистент за продажба на модната марка Jigsaw.

39-годишната војвотка неодамна разговараше со воени семејства за одбележување на Денот на примирјето. На видео повикот, насмеаната Кејт може да се види само до колковите, но сосема доволно за модните експерти да го препознаат нејзиниот стајлинг, поточно елегантна блуза со потпис на брендот Ghost, која има интересен детал.

Белата блуза има моден детал по кој полудеа сите вистински љубители на модата во последните месеци, а тоа е таканаречената „јака Петар Пан“.
Преголемите винтиџ јаки се повторно во мода на големо, по повеќе од две децении мирување. Сè започна со колекцијата блузи на Гани со statement јака, која не потсети на некои минати времиња и предизвика лавина што не престана до денес.

Преголемите јаки ги преплавија улиците на модните метрополи и модните недели минатата година, па беше сосема логично да се очекува дека наскоро ќе го видиме овој моден детал на секој чекор. Тоа се случи многу брзо. Во последниве месеци, сведоци сме како имаше наплив на облека со овој моден детал во омилените дизајнерски и улични продавници.
Подигнати или преголеми јаки во стилот на 80-тите години и нагласени шпиц-јаки инспирирани од 70-тите години, ја доживуваат својата слава од пет минути, а нив ги обожаваше свекрвата на Кејт, покојната принцеза Дајана, и таа имаше голем број фустани, блузи со овој шик детал.
Судејќи според профилите на модните блогери на Инстаграм, овој тренд ќе биде огромен во 2021 година, а ние издвоивме неколку слични блузи со јаки, кои, исто како и Кејт Мидлтон, можете да ги комбинирате со фармерки или во поелегантна верзија со миди здолниште.






