Иако свечените настани поради пандемијата на коронавирусите денес се вистинска реткост, 46-тото издание на People’s Choice сепак се одржа во Санта Моника. Покрај почитувањето на мерките за спречување на ширење на Ковид-19, многу славни дами од светот на Холивуд решија да ја искористат и ретката можност да се прошетаат по црвениот тепих.
Со оглед на фактот дека ќе треба да почекаат нова можност да прошетаат по црвениот тепих, славните дами од холивудскиот свет дадоа се од себе да блеснат на црвениот тепих, но само некои од нив успеаја да блеснат целосно модерно.
Латино дивата Џенифер Лопез како една од главните sвезди на доделувањето на наградите блескаше во минијатурен, црвен фустан, потпишан од дизајнерот Кристијан Сиријано.
Познатата американска актерка Менди Мур, која го чека своето прво дете, се појави на доделувањето на наградите во црн фустан со висок врат, потврдувајќи го фактот дека едноставните модни решенија се и најдобри.
Ѕвездата од серијалот „Вовед во анатомија“ на овогодинешните People’s Choice награди избра две златни статуетки и тоа го стори во уникатен, светкав сет потпишан од грузискиот дизајнер Дејвид Кома.

Ќерката на соул дивата Дајан Рос ја потврди титулата за една од најдобро облечените дами во светот на Холивуд појавувајќи се во кафеав модел на костум со детали од златни копчиња.

Ѕвездата од серијата ‘Момци од Медисон’ привлече внимание во гламурозен фустан украсен со блескави, сребрени детали.

Како и нејзината колешка Трејси Елис Рос, така и британската актерка Џамила Џамил реши да се прошета по црвениот тепих во костум, а нејзиниот избор падна на розовата верзија на преголемиот крој, што беше дополнително нагласено со голем, цветен украс во улога на брош.

Американската актерка и пејачка Софија Карсон го привлече вниманието во прекрасен модел на црно фустанче со едно рамо, кој најмногу се истакнуваше со мноштво лелеави волани.

Новата најдобра пријателка на Кортни Кардашијан и голема sвезда на ТикТок, Адисон Реј, се појави на церемонијата во црвен слип фустан, со детали од црн тул истакнати во пределот на вратот.
Како Адисон Реј, американската актерка и ѕвезда на Нетфликс Џои Кинг се појави во црвена боја, привлекувајќи внимание во црвен комбинезон кој, заради деталите на долгата ткаенина, на моменти изгледаше како фустан без прерамки.
