Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Најлуксузните дестинации до кои можете да стигнете само со приватни авиони

Овие дестинации се најексклузивните одморалишта во светот…

Очигледно, канџите на вирусот корона сè уште не попуштаат, но многу земји ширум светот, прават сè, за да го развиат својот туризам, како и своите економии. Всушност, некои локалитети им ги отвораат вратите на најбогатите луѓе од целиот свет, кои имаат привилегија да поседуваат приватен авион.

Како што можете да замислите, ова се ексклузивни и оддалечени дестинации, кои им нудат на своите посетители крајна удобност, луксуз и вистинско отуѓување од реалниот свет, на повеќе нивоа. Нивните гости имаат можност да уживаат во беспрекорни плажи, спа-третмани, најдобрите хотели и сето добро што го нуди животот.

Овој пат, решивме да ги споделиме со вас нашите омилени локалитети до кои можете да стигнете само на овој ексклузивен и луксузен начин. Откријте ги во галеријата.

Кајмански острови

Само деведесет минути со авион од Мајами, Кајманските острови ги отвориле вратите за туристите на 1 октомври, но сепак не дозволуваат масовни посети. Чартер-авионите можат да слетаат на нивната територија, но патниците сепак мора да се придржуваат до пандемиските мерки пропишани од нивната влада. Ултра луксузните имоти лоцирани овде, Seven South, Ritz Carlton и други, ќе ви ги понудат своите сместувачки капацитети како засолниште од сите несреќи на овој свет.

Фиџи

Овој збир на атоли во Тихиот океан неодамна ја објави веста дека се ослободиле од вирусот корона, иако комерцијалните летови кон нив се забранети до март следната година. Јахтите со заверена листа на патници кои се негативни на короната можат да бидат подготвени да уживаат во нивните води. Патниците кои пристигнуваат со приватни авиони ќе мора да поминат низ ригорозни протоколи за тестирање на аеродромот Нади пред да се упатат кон одбраното одморалиште.

Тајланд

Само три чартер летови неделно можат да стигнат до Тајланд, кој полека попушта под неговите ограничувања, додека посетителите треба да поминат низ ригорозно тестирање и да докажат дека имаат медицинско осигурување со покриеност од 100.000 американски долари. И покрај тоа, хотелите од овој локалитет се подготвени за богати туристи. Кој и да изберете, вашиот одмор ќе биде незаборавен.

Боцвана

Благодарение на напорите за зачувување, Боцвана веќе долго време е рај за животни во Африка, вклучително и црно-бели носорози. Од 1 ноември, земјата официјално ги отвори вратите за чартер сообраќај, со задолжително слетување на аеродромите Маун или Касане. Изобилството на луксузни места за кампување и запознавање на дивиот свет, ја прават Боцвана совршена локација за патниците кои сакаат адреналин и авантури.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement