Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кијану Ривс подготвен да ја запроси неговата 47-годишна девојка

Кијану Ривс го снима долгоочекуваното четврто продолжение од франшизата „Матрикс“ од почетокот на летото во Берлин, а деновиве на снимањето му дојде крајот. За време на целиот ангажман, тој е придружуван од неговата 47-годишна девојка, уметницата Александра Грант, која некое време се пресели во Германија со него. National Enquirer пишува дека и двајцата се лудо заљубени и за време на Божиќните празници, 56-годишниот актер се подготвувал да клекне пред неа и да го постави судбоносното прашање.

„Можеби ќе се венчаат во Германија. За време на снимањето, таму одлично се забавуваат, живеат во еден вид на изолиран апартман, додека е во сила карантинот во таа држава, што силно ги зближи. Тие се усогласија на сите нивоа и нивниот однос се продлабочи“, откри извор близок до нив. „Кијану им кажува на своите пријатели дека е подготвен да ја запроси и веројатно околу празниците, тој ја смета Александра за сродна душа. Сите се среќни за нив и само чекаат да ги објават големите новости“.

Да потсетиме, Кијану ги изненади сите во ноември минатата година кога се појави со Александар на галата „LACMA Art + Film“ во Лос Анџелес, не криејќи го својот љубовен поглед. Сепак, многу обожаватели во тоа време „без влакна на јазикот“ ја критикувале неговата избраничка, тврдејќи злобно, заради нејзината сива коса, таа изгледала како негова мајка.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement