Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Од секс симбол до иноваторки, фармери, активистки…Инспиративни примери на реинвенција на Холивудски диви

Општеството отсекогаш имало свои очекувања и предрасуди за убавите жени – како тие треба да се однесуваат, што треба да прават и што треба да ги интересираат, но во духот на претстојните награди на ELLE во кампањата #FashionReinvention, ние носиме инспиративни приказни за жени кои се многу повеќе од дводимензионални холивудски убавици.

Честопати, од убавите жени се очекува да направат само една работа – да бидат убави. Но, тие самите имаат сосема различни желби и цели и стануваат страсни борци за правата на обесправените, пронаоѓачите, активистите, земјоделците

Хеди Ламар е холивудска дива која има глумено во 30 филма, од кои најзабележителни се „Самсон и Делила“, а уште во 1933 година ги разбранува духовите со нејзината улога во чехословачкиот филм „Екстази“. Скандалот не беше предизвикан само од еротските сцени во кои таа трча гола низ шумата, туку и изразот на лицето одблизу додека игра оргазам, првпат прикажан на екранот.

Но, многу поголеми заслуги на Хеди Ламар се оние како иноваторка. Родена како Еврејка Хедвиг Ева Марија Кислер во Австрија, таа беше отворен противник на нацистичка Германија. Во 1942 година, таа регистрираше патент за контрола на торпеда со променливи фреквенции и иако морнарицата не го користеше тој патент во тоа време, без овој изум, Bluetooth или WiFi ќе беа невозможни денес. Иако не доби признание за нејзиниот придонес во технологијата за време на нејзиниот живот, во 2014 година беше воведена во Националната куќа на славните пронаоѓачи.

За Анџелина Џоли може да се каже малку за што не е пишувано многу, но таа е актерка која го искористи својот статус на ѕвезда за да ја подигне јавната свест за проблемите на современиот свет и стана хуманитарка. Постигна значајни улоги во сега веќе култните филмови „Girl, Interrupted“ и „Хакери“ и холивудските хитови „Господин и госпоѓа Смит“ и „Лара Крофт“. На почетокот на нејзината кариера беше критикувана за размена на бакнежи со нејзиниот брат, тетоважи и привлекување внимание со браковите, но последните 20 години е позната по својот активизам и хуманитарна работа, се бори за правата на бегалците и правата на жените ширум светот, и станува амбасадор на УНХЦР.

Вистински пример за тоа како никогаш не е доцна за нови почетоци и како вистинската убавина никогаш не згаснува е Изабела Роселини. Од дете на познати родители, до модел и актерка, Роселини има завидна кариера и докажа дека никогаш не е доцна за нови почетоци бидејќи во 60-тите години таа е модел за убавина и амбасадорка на Ланком, додека ја водеше својата фарма во САД, правеше филмови и преку низа интересни настапи тој ја едуцира публиката за прекрасниот свет на животните на многу духовит начин.

Иако тие не се единствените, овие жени се примери за тоа како никогаш не е доцна за нови почетоци и како треба да се следи страста, дури и кога тоа не е најпопуларниот избор.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement