Инспирирани од изгледот на Зои Кравиц како Catwoman, ја истражувавме моменталната понуда на кожни фустани што ги носат од глава до пети и не се разочаравме …
Дотерување за да останеме дома како форма на self-care? Ние сме за. Облекување во шик облека како за ноќно излегување на домашна забава само за нас? Зошто да не. Фустаните од оригинална и вештачка кожа што можат да се најдат во дизајнерските колекции и понудите на улиците се навистина неодоливи и нè подготвуваат за идните ноќни забави.







