Џон Фрејзер, најпознат по култниот воен филм „The Dam Busters“, почина на 7 ноември на 90-годишна возраст.
Актерот, кој некогаш бил опишан како најзгодниот човек во Велика Британија, починал откако се борел со рак на хранопроводот една година одбивајќи хемотерапија. Починал мирно во кревет во неговиот дом во Лондон, а го пронашол неговиот партнер, уметникот Родни Пинар (68), со кого бил во врска 42 години.
Фрејзер се прослави во 1955 година во легендарниот воен филм „The Dam Busters“ во кој глуми поручник. Тој се борел во текот на целата своја кариера обидувајќи се да ја помири работата со желбата за вистинска љубов и прифаќање. Тој стана омилен кај жените кога се прослави во 50-тите години, но за жал за нив, Џон бил хомосексуалец. Ова било проблем за него бидејќи сексуалниот однос меѓу мажите е забранет во Англија и Велс до 1967 година.
Актерот се обиде да ја промени својата сексуална ориентација и отиде на психијатар, па дури и спроведе експерименти со жени за да ја тестира неговата сексуалност.
Но, сфати дека тоа не е можно, додека јавноста го нарекуваше најпосакуваниот ерген. Тој се појави во повеќе од 20 филмови, вклучувајќи ги „Tunes Of Glory“ и „The Waltz of the Toreadors“.
Неговиот партнер Родни открил дека Џон секогаш велел дека имал чудесен живот откако избегал од сиромаштијата во детството и дека сакал да патува откако двајцата се заљубиле во Кејп Таун.
“Тој имаше рак на хранопроводот повеќе од една година и одби хемотерапија. Тоа траеше до една година, бидејќи тој никогаш не пушеше. Џон беше во болница до пред две недели, а потоа се врати дома. Би било страшно ако тој умрел во болница, но за среќа, ја помина последната недела дома“, изјави партнерот на актерот.
„Во болница му се влоши дишењето, а потоа се здоби со инфекција на белите дробови, па беше на морфиум. Понекогаш му ги кршев апчињата и ги мешав во јогурт. Го најдов во саботата наутро и тој изгледаше многу смирено во неговиот кревет. Џон беше болен, но немаше КОВИД-19“, додаде тој.
Родни откри дека Фрејзер ќе биде кремиран, а следната година се надева дека ќе организира нешто со неговите пријатели во спомен на него. “Напиша неколку романи и продолжи да пишува во последните денови. Исто така, сакаше да оди во театар”, изјави партнерот на актерот додека ги минуваше последните денови од животот.
Џон можеше да направи холивудска кариера, но се плашеше да го прослават надвор од границите на Велика Британија. Како резултат, тој одбил неколку улоги и за време на снимањето на филмот „The Wind Cannot Read“ во 1958 година, се случи инцидент во Индија. Имено, тој се степал со велшкиот актер Роналд Луис бидејќи ја коментирал неговата сексуалност.
Инаку, Фрејзер е роден на 18 март 1931 година во Глазгов, а го воспитувале две постари сестри и татко алкохоличар. Кога имал 11 години, бил малтретиран од тинејџер кој бил војник.
Една од неговите незаборавни улоги беше улогата на Монитор во „Doktoru Who“ во 1981 година, а последната во филмот „Truth or Dare“ од 1996 година.


