9 правила на диета за слабеење без диета и вежбање:
- Јадете храна што има помалку калории: наместо колбаси, јадете посно месо; наместо бел леб, јадете со интегрално брашно; пијте вода наместо сокови и сл. Постепено ќе преминете на поздрава диета, потполно несвесно.
- Чаша вода: започнете го секој оброк со чаша вода.
- Концентрирајте се на оброкот: исклучете го телевизорот, оставете го телефонот на страна, исклучете го радиото. Само полека уживајте во храната.
- Наместо слатки, јадете една до две коцки темно чоколадо секој ден.
- Елиминирајте ги соковите од вашата исхрана. Дури и оние исцедени сокови не се здрави. Доволно е да се јаде целото овошје наместо сок.
- Големина на порција: Оптималната големина на порцијата е онолку колку што се вклопува во вашата дланка. Ако јадете месо, нека биде со големина на тупаница, јадете спанаќ онолку колку што може да се смести во двете дланки. Јадете две полни грст бобинки, јадете ореви колку што можат да се сместат во една грст и јадете брокула со големина на десница.
- Избегнувајте нездрави закуски: чипс, смоки, грисини, крекери, пуканки …
- Спијте доволно. За да избегнете прејадување во текот на ноќта, одете во кревет најдоцна до 22 часот.
- Вечерниот оброк треба да биде најдоцна до 18 часот и да содржи четвртина од она што го јадевте за ручек.
