Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Кафето и зелениот чај можат да го продолжат животот, и добро е да ги комбинирате

Луѓето кои се фокусираат на своето здравје обично обрнуваат внимание на физичката активност, исхраната и пијалоците. Но, за луѓето со дијабетес, строгата контрола на храна и пијалоци е задача која никогаш не застанува.

Златното правило на умереност, според новата студија, не важи за пиење кафе и зелен чај. Навистина, високата потрошувачка на кафе и зелен чај секој ден е поврзана со 63 проценти пониска стапка на смртност кај луѓето со дијабетес тип 2.

Дали чајот и кафето можат да им помогнат на луѓето со дијабетес?
Дијабетес тип 2 е меѓу најчестите состојби во САД и според Центрите за контрола и превенција на болести, секој десетти возрасен живее со оваа болест. На глобално ниво, околу 422 милиони луѓе имаат дијабетес тип 2. Иако лековите можат успешно да го намалат ризикот од развој на болеста, треба да се има предвид дека секој лек доаѓа со несакани ефекти. Затоа, најдобра превенција се промените во животниот стил и контролата врз внесувањето храна и пијалоци.

Како помага зелениот чај?
Претходните студии веќе ги потенцираа здравствените придобивки на зелениот чај, покажувајќи дека тие го намалуваат ризикот од развој на дијабетес, ја подобруваат контролата на глукозата и чувствителноста на инсулин. Но, новото истражување спроведено од јапонски научници од Универзитетот Кјушу, Стоматолошкиот колеџ Фукуока и болницата Хакујуџи, откриле како пиењето зелен чај влијае на луѓето кои веќе имаат дијабетес.

Тие проучувале 4923 учесници на просечна возраст од 66 години во период од пет години. Откриле дека луѓето кои пиеле повеќе од четири шолји зелен чај на ден имаат 40% помали шанси да умрат по завршувањето на студијата.

А што е со кафето?
Како зелениот чај, докажано е дека кафето го намалува ризикот од развој на дијабетес, но научниците истражувале и како кафето влијае на луѓето кои веќе имаат дијабетес. Студијата е објавена во списанието BMJ Open Diabetes Research & Care; и наведува дека пиењето две или повеќе шолји кафе во текот на денот ја намалува вкупната смртност за 41 процент.

Тоа е најдобрата комбинација

Но, најдобриот ефект го имаше комбинираното пиење пијалоци со кофеин.

– Комбинацијата на зелен чај и кафе значително ја намали смртноста од сите причини за 63 проценти – пишуваат авторите на студијата. Оние што испија четири или повеќе шолји чај и две или повеќе шолји кафе имаат најголема корист. Извештајот посочува дека и други фактори се исто така важни.


– Високото образование и финансиските приходи можат да бидат поврзани со зголемена потрошувачка на кафе – продолжуваат авторите, објаснувајќи ја важноста на пиењето на двата пијалаци.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement