На брендот „Supreme“ му преостанаа уште само неколку месеци во The Carlile Group, бидејќи се подготвува да стане дел од VF корпорацијата.
VF Corporation веќе ги вклучува брендовите The North Face, Vans и Timberland. Цената на претстојниот потфат сè уште не е објавена, меѓутоа, веќе е познато дека основачот на врвната марка Supreme, Џејмс Џебија ќе остане во компанијата по спојувањето.
Американскиот бренд Supreme е основан од Jејмс Џебија во 1994 година во Њујорк, фокусирајќи се на субкултурата на скејтбордери, хип-хоп и рок музика. Марката има култен статус меѓу љубителите на културата на улична облека и е позната по бројните соработки со други брендови, на пример по сензационалната соработка со луксузниот бренд Луј Витон.
.jpg)
