Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Анистон и Џерард Батлер се придружиле на бизарен секс култ!?

Миленичката на Холивуд, 51-годишната Џенифер Анистон во 2010 година била во кратка врска со една година помладиот актер Џерард Батлер, кои наводно заедно се приклучиле на контроверзниот и мистериозен сексуален култ NXIVM, пишува National Enquirer. Извор поврзан со поранешната двојка, открил дека актерите оделе на воведните предавања, затоа што сметале дека тоа е добро за создавање нови деловни и социјални врски, но не влегле подлабоко во култот, затоа што не биле подготвени да му се посветат до тој степен, што се барало од нив.

Џерард и Џенифер, кои ја глумеа поранешната брачна двојка во филмот „Bounty Hunter“, наводно немале идеја во што се впуштаат кога се приклучиле на култот, а сега наводно се срамат да го признаат тоа јавно. Култот NXIVM е основан од извесен Кит Рениер кој е обвинет во 2017 година за принудување жени, вклучително и неколку холивудски актерки, да станат сексуални робинки. На крајот бил осуден на 120 години затвор за мито, уцена, изнуда и силување.

Да потсетиме, поранешната сопруга на Бред Пит и sвезда на филмот „300“ започнале врска откако искри почнале да летаат меѓу нив додека го снимале филмот „Bounty Hunter“. Врската не траела долго, но пред два месеци магазинот Star напиша дека поранешната двојка започнала повторно да се дружи откако актерот ја раскинал врската со својата девојка Морган Браун. Очигледно Џенифер започнала да излегува и да се забавува со неколку мажи, а Џерард е само еден од нив, па затоа гласините дека повторно ќе бидат заедно треба да се споредат со зрно сол.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement