Замокот Болт, лоциран на малиот остров на срцето среде архипелагот Илјадници острови во државата Њујорк, е американска бајковита верзија на замокот, што е необична загатка од средновековен и викторијански стил. Болт е споменик на љубовта што заврши трагично, пренесува Директно.
Сопственикот на познатиот хотел „Валдорф Асторија“ во Њујорк, Џорџ Болт, реши да подигне споменик на љубовта кон неговата сопруга Луиз.
Двојката го купи островот, а Џорџ одлучи да изгради замок за својата подобра половина за роденденот, кој беше на Денот на вљубените. Тој дури успеа да го преобликува островот за да изгледа како срце.
Во 1900 година започнала изградбата на шесткатен замок, а една година пред да се изгради, Луиз починала на 41-годишна возраст. Џорџ тогаш престана да гради и повеќе не се врати на овој остров.
Тој го продаде замокот, а во 1977 година тој беше обновен и денес е отворен за јавноста.
Поради романтиката на ова место, млади парови доаѓаат во овој замок да се венчаат.
