Последните денови, Џозеф и Џил Бајден беа главната тема на светските медиуми.
Сепак, додека нејзината претходничка Меланија Трамп секојдневно ги воодушевуваше модните експерти со нејзиниот непогрешлив стил, кога станува збор за новата прва дама на САД, ситуацијата е нешто поинаква. Имено, нејзините модни избори наидоа на неколку критики досега, поради што многумина се сомневаат дека таа ќе може да ја надмине Меланија. Сигурно ја чека тешка задача, а дали ќе успее да ја засени поранешната прва дама останува да видиме.











