Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, не беа вклучени во официјалното одбележување на Денот на сеќавање, еден од најважните датуми во календарот на британското кралско семејство.
Бидејќи парот реши да се повлече од функцијата виши членови на кралското семејство и во моментов живее во САД, Сасексови не им оддадоа почит како претходната година на британските војници убиени во светските војни во Лондон, а медиумите објавија пред неколку дена дека Принцот Хари сакал да испрати венец кој некој ќе го положи на негово име. Палатата го одби ова барање, што го „растажи“ војводата од Сасекс, пренесоа медиумите.
Тој и неговата сопруга, сепак, најдоа начин да го одбележат овој ден – ги посетија Националните гробишта во Лос Анџелес, каде положија цвеќе, а Хари остави порака:
- „На сите што служеле и служат. Ви благодарам.“
Еден ден подоцна, главната вест во врска со Хари и Меган е, како и обично, комбинацијата облека што војвотката ја подготви за оваа пригода!
Избраникот на Хари не штедеше, па донесе црно палто од Брендон Максвел вредно скоро 4.400 долари, над кое стави ремен на Елизабет Френки за кој издвои повеќе од 300 долари, нејзините стари салонки Џенифер Шаманди, кои чинат повеќе од 1.120 долари, а медиумите додадоа дека дел од ова издание е рачен часовник „Картие“ вреден повеќе од 7.430 долари и нараквица платена скоро 7.900 долари.
