Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

„Ајкула“ на стероиди: Никогаш не сте виделе Вакво „чудовиште“ на 10 тркала (Видео)

Изгледа како Citroen DS, или популарната „ајкула“, на која всушност се темели, но е многу поголема од неа. Има дури пет оски или 10 тркала, како и еден голем камион сместен во товарниот простор!

Популарно наречена „стоногалка“, Citroen DS Break PLR е автомобил кој е произведен во 1972 година од францускиот производител на гуми Michelin, во соработка со инженерите на Citroen, специјално со цел да се тестираат и развиваат неговите гуми.

А, за да се стартува овој „мегалодон“, кој тежи над 10.000 килограми, беа ангажирани дури два мотори на „General Motors“ V8 со зафатнина од 5,7 литри, како што се оние што ги напојуваше Chevrolet Corvette С3. Лоцирани во задниот дел, единиците заедно обезбедија околу 700 коњски сили, пишува TopSpeed.

Најинтересно од се е што само еден мотор ги напојувал задните три оски, инаку земен од Peugeot 504, додека друг мотор V8 е искористен за напојување на „скриеното“ тркало на камионот внатре во возилото.

Максималната брзина на ова необично возило беше 170 километри на час, а најчесто се користеше на трката Клермонт-Феран, каде Michelin ги тестираше гумите.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement