Овие рецепти ќе ве загреат на овие студени денови, а вие ќе ги подготвите многу лесно и брзо.
- Чоколаден мус со костени
Состојки: 250 гр пире од костен, 200 гр чоколадо за готвење, 80 гр путер, сок од портокал, 3 лажици мед, 80 гр шеќер, 50 гр растопено млечно чоколадо, 1/2 лажичка екстракт од ванила, лажица и пол просеко, 4 жолчки од јајце, 2 лажици ликер од чоколадо, 120 мл млеко
Подготовка: Стопете го чоколадото на пареа и истурете го сокот од портокал. Мешајте додека не добиете мазна смеса. Изладете го. Стопете ги путерот и медот во нов сад. Потоа истурете го просекото, аромата на ванила, промешајте и прелијте со растопеното чоколадо. Додадете пире од костен и добро измешајте. Пренесете ја смесата во чаши за мус.
Оставете во фрижидер неколку часа додека не се здрви. Подгответе чоколадна пена пред да ги извадите од фрижидер. Направете пена од млеко на пареа со маталка, жолчки од јајце, стопено млечно чоколадо и шеќер. Извадете ја пената од пареата, истурете ликер од чоколадо, нежно промешајте и оставете малку да се излади. Прелијте ја преку мусот во чаши и украсете со шлаг.

- Чоко-костен крем
Состојки: 1 кг костени, 250 гр шеќер, ванила, малку сол, 2 дл вода, 200 гр црно чоколадо со 70% какао
Подготовка: Измијте ги костените и ставете ги во вода во која сте додале малку сол. Гответе ги околу 40 минути. Излупете ги, испасирајте ги во блендер, и во пирето додадете иста количина шеќер, околу 250 гр и сè добро измешајте. Соединете го пирето со вода и семките од ванила и варете на тивок оган додека мешате.
Кога смесата ќе почне да се одделува од садот, додадете ги исецканите парчиња чоколадо. Мешајте и варете додека смесата не се соедини. Можете да го чувате кремот во тегли или да послужите веднаш во чаша.

- Десерт во чаша од костени
Состојки: 5 дл млеко, 5 жолчки, 200 гр шеќер, обвивка од ванилин шеќер, 250 гр пире од костен, 10 гр желатин во прав, лажица рум, 3 дл слатка павлака
Подготовка: Ставете го млекото да зоврие. Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилата со миксер и истурете во зовриено млеко. Гответе на тивок оган додека не се задебели малку. Тргнете го од оган и додадете го изматениот желатин од обвивката, пирето од костен и румот и измешајте сè добро. Оставете го малку да се излади, а потоа измешајте го со изматената слатка павлака. Истурете во високи чаши и ставете ги во фрижидер додека не ги сервирате.

