Оливија Палермо (34) е позната по нејзините непогрешливи модни комбинации, па не е ни чудо што ја нарекуваат „кралица на стилот“.
Нејзините стајлинзи се доведени до совршенство, а таа совршено го носи секое парче што ќе го облече.
Оливија секогаш „нуди“ нешто ново, „свежо“ и поразлично, така е и овој пат. Имено, модната икона и инфлуенсер овој пат покажа како да се носи и комбинира „небесно“ сино или пастелно сино наесен.
Двата стила што ги „прошета“ Оливија се прилично едноставни и не оптоварени со вишок детали и додатоци, и за чиста 10-ка.
Погледнете како изгледа:
