Состојки:
стар леб 600 гр
јогурт 400 мл
павлака 400 мл
јајца 4 парчиња
шунка 150 гр
сирење 150 гр
сол по вкус
сусам по желба
путер 20 гр
Подготовка:
Исечете го лебот на коцки. Ставете малку маслиново масло или путер на дното на садот за печење, а потоа наредете половина од сецканиот леб.
Изматете ја павлаката, јогуртот и јајцата, додадете сол по вкус и натопете го лебот на половина од фил. Наредете ја ситно исечканата шунка над филот, па ренданото сирење.
Ставете го остатокот од лебот и прелијте го со остатокот од фил. Внимателно измешајте го филот во лебот со вилушка за убаво да се впие. Оставете да отстои околу половина час за лебот да го апсорбира филот. Посипете семе од сусам и исечкајте го путерот на пита со нож. Печете во загреана рерна на 200 степени, додека не порумени.
