Брендот Dolce & Gabbana ја започнува својата нова кампања за кармини Passionlips, во која главната улога ја игра Џулија Маенца.
Италијанската убавица нè воодушеви од крупни кадри во кои носи црвено црвен кармин и сива smokey сенка за очи. Со блага и малку заводлива отворена уста, Џулија носи и светкави ѓердани и брановидна коса. Passionlips кармините се достапни во мат или светкава боја, со нијанси од вкусна цреша до фасцинантна виолетова боја.
„Џулија Маенца пренесува заводлив гламур за сосема ново ниво со помош на совршен црвен кармин. Таа е кралица на секојдневниот живот, со новата линија шминка Dolce & Gabbana“, изјави славниот бренд.
