Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Живанши го лансира L’Interdit – цврст парфем за модерни жени

Колекцијата L’Interdit од брендот Живанши го претставува својот нов производ – цврст парфем.

Овој парфем е достапен во многу привлечно пакување во форма на кармин. Препознатливата формула за парфем е создадена од Доминик Ропион, Ана Флипо и Фени Бал.

Цврстиот парфем е совршен за нежно нанесување на линијата на вратот и зглобовите, додека поради компактните димензии може лесно да се стави во која било торба. Линијата L’Interdit располага и со спреј за коса која ги содржи истите белешки како и парфемското издание во 2018 година.

Мирисот се базира на контрасти помеѓу белите цветни ноти – тубероза, јасмин, цвет од портокал и длабока и темна основа на дрвенести акорди – пачули и ветивер. Составот е зачинет и со нијанси на сочен бергамот и арома на круша.

Цврстиот парфем „Живанши Л’Интердит“ е достапен во варијанта од 3,3 грама, по цена од 35 евра.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement