Зимата се’ повеќе ни се доближува. Некои ја сакаат, некои не, но она што е сигурно е дека нуди можност за нови комбинации, поеднакво интересни и модерни како и во другите годишни времиња. Она што во продолжение ќе ви го претставиме е еден од трендовите за актуелната сезона – пуловер како фустан.
Пуловерите од мека волна или подебел памук се неизоставен дел од плакарот на секоја жена за овој период. Не мора секогаш да ги носите со панталони, здолништа, со кошули. Сега можете да бидете похрабри, а воедно и секси, па пуловерот нека биде ваш фустан што можете да го комбинирате со високи потпетици, како и со високи чизми. Комбинацијата комплетирајте ја со предимензиониран кардиган или кожена јакна.
Доколку тоа ви е премногу, тесните фармерки секогаш се добар избор. Одберете го вашиот фаворит.












