Ќе се спроведат широки испитувања во Велика Британија за да се процени ефикасноста на аспиринот како можна терапија за Ковид 19
Пациентите заразени со коронавирус имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта како резултат на хиперактивни тромбоцити одговорни за згрутчување на крвта, а аспиринот е антитромбоцитен лек што ја намалува можноста за згрутчување на крвта, според студијата Recovery trial.
Еден од водачите на тимот што го спроведува истражувањето, Питер Хорби, вели дека постојат јасни индикации дека аспиринот може да биде корисен во третманот на пациенти заразени со коронавирус.
Тој посочи дека аспиринот е безбеден, ефтин и широко достапен лек.
Најмалку 2.000 пациенти ќе примаат 150 мг аспирин на ден покрај вообичаената терапија, а податоците добиени на тој начин ќе се споредат со податоците добиени од најмалку 2.000 други пациенти кои примаат стандардна терапија – антибиотикот азитромицин и коктел од антитела произведени од Regeneron.
