Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Докажано: Луѓето кои живеат во зеленило имаат помала веројатност да започнат или да продолжат со пушење

Луѓето кои живеат во зеленило имаат помала веројатност да започнат или да продолжат со пушење, покажа новото истражување.

Студија, во кои биле вклучени 8.000 Британци, го поврзале пристапот зеленило со помала шанса за пушење и поголема можност за откажување.

Луѓето кои пушеле во одреден момент од животот имаат 12 проценти поголема веројатност да се откажат од пушењето, ако живеат во близина на зеленило, покажува студијата објавена во списанието Social Science & Medicine. Истражувањето е спроведено од универзитетите во Плимут, Ексетер и Виена. Резултатите се потврдени дури и откако биле земени предвид социо-економските аспекти на испитаниците.

Претходните истражувања на истите институции откриле дека погледот кон природата и зеленилото ја намалува потребата од алкохол, цигари и нездрава храна. Докажано е и дека гледањето во природа го намалува нивото на стрес и го зголемува чувството на задоволство.

Новата студија е прва што експлицитно поврзува „поголем процент на зелена боја и намалување на нездравото однесување“, изјави психологот Сабине Пал, коавтор на студијата од Универзитетот во Виена. Научниците тврдат дека зголемувањето на зелениот простор може да биде ефективна стратегија за јавно здравје и може да помогне да се намали уделот на пушачи во општеството.

Прочитај

Green Tea

Мачките се дел од многу народни обичаи и верувања со векови. Многумина верувале дека нивното однесување може да ги предвиди идните настани, а еден...

____celebrity

Џеј Ло уште еднаш ги покажа своите беспрекорни модни избори. Откако присуствуваше на „свадбата на годината“ на Тејлор Свифт и Тревис Келс во петокот,...

____celebrity

Канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер ќе биде еден од изведувачите на полувремето од финалето на Светското првенство во фудбал, приклучувајќи се кон поставата во која...

Green Tea

Верувале или не, во Јапонија, луѓето се оценуваат и врз основа на нивната крвна група, бидејќи веруваат дека таа го одредува нивниот темперамент и...

Advertisement